Наставничка по англиски јазик во скопско основно училиште позитивна на Ковид 19

Наставничка по англиски јазик од основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош е позитивна на Ковид 19, пренесува „Курир“.

Информацијата за порталот ја потврдиле од општина Карпош.

  „Почитувани, информацијата е точна. Се работи за наставничка по англиски јазик во 2 одделение, но по констатираната состојба, ( во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од Ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ,, Владо Тасевски“. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритамот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација. Основните училишта, кои се под ингеренции на Општина Карпош, максимално ги следат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19 пандемијата“, стои во нивниот одговор.

Од таму додаваат дека градоначалникот Стефан Богоев, беше во посета на ООУ „Лазо Трповски“, да ја увиди фактичката состојба на спроведување на наставата со физичко присуство, но и он лајн наставата. Првиот човек на Карпош апелираше на максимална ажурност, внимателност и почитување на мерките за заштита од овој вирус, на сите кои учествуваат во воспитно-образовниот процес во Карпош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа