Наставничка од Србија се удавила во познатото летувалиште - нејзините работи останале на лежалка

Жена од Србија, која била на одмор во сицилијанското летувалиште Кефалу, починала на плажа во неделата под непознати околности.

Станува збор за пензионирана наставничка од Лозница, која на летувалиштето дошла на 11. јули.

-За сите нас беше несфатливо како настрада. Мопрето е плитко во тој дел. Потребно е да преминете неколку стотици метри да дојдете до вода до појас. Тој ден притоа беше топло и немаше силен ветер. Плажата беше полна, просто невозможно за некој да се удави. Плус на секои 500 метри има спасувачи. Обезбедувањето на плажата е навистина добро - рекол очевидец.

Нејзиното тело морето го исфрлило на самиот крај од плажата, на една точка која е непристапна за капачите поради огромните карпи и камења. Итната помош и полицијата стигнале во рок од неколку минути. Лекарите направиле се за да ја реанимираат, но без успех. Што се случило навистина е мистерија. Нејзините работи останале на лежалката на плажата која приопаѓа на холтелот во кој престојувала, а од морето била извлечена добри 700 метри подалеку од лежалката, пишува Курир.рс

Жените со кои била на излет велат дека пред два месеци се пензионирала. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега