Наследникот на Арсовска: Зголемувањето на минималната плата е надвор од целокупната економска логика

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски во интервју за „РСЕ“ вели дека да се размислува за покачување на минимална плата било надвор од целокупната економска логика. Додава дека, сме се фаќале за последната сламка како давеник. 

„На кого тоа во моментов му одговара да разговараме за минимална плата? Кога нема доволно да инвестираме во инфраструктура, кога нема економијата да испорача квалитетен економски резултат, имам впечаток дека ние се фаќаме за последната сламка како давеник, а тоа е минималната плата. Во ваква економска состојба, каде што веќе нагласивме дека нивото на економски развој ни е пониско од претпандемиското, да влеземе во зголемување на минималната плата е „обратнопропорционално и навистина е надвор од целокупната економска логика“, кажа Ангелоски.


– Мислам дека тоа ќе биде дополнителен товар на стопанството кој ќе предизвика огромен проблеми и сигурно намалување на вработеноста, дополни Ангелоски.

28.11.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега