Насилно отстранети букви и македонско знаме од дигитален споменик во Охрид - полицијата трага по сторителот

На 11.08.2022 година во 19.30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид.

Споменикот, сопственост на општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување.  По насока на јавен обвинител, на местото на настанот, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

12.08.2022 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега