Насилник претепал скопјанец пред неговата жена и дете

Денеска (12.05.2022) од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје од слобода е лишен Б.Н.(39), поради постоење основи на сомнение за кривично дело “насилство” по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 10.05.2022 на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј.(34) од Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле сопругата и малолетното дете.

Во координација со Јавен обвинител на 12.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и утврден е идентитетот на сторителот, а до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка. На Б.Н. од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд- Скопје му е одредена мерка притвор.

12.05.2022 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега