Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“

Зоран Заев и неговите советници кои јавноста ги нарече “интелектуални рекетари“ заговараат на секаков можен начин рушење на било каков договор и статус кво ситуација, што би значело одржување на перманента криза.

Она што е познато, Фрчковски, Ордановски, Милчин и Геровски биле најчести посетители во кабинетот на лидерот на опозицијата Заев. Нивните совети не се тајна, тие ги соопштуваат во колумни и своите јавни настапи кои подоцна, ден или два потоа се прераскажуваат од самиот Заев,пишува Курир.

Па така Геровски, Фрчковски и Ордановски заговараа напуштање на преговорите, што и се случи и Заев најави дека ги напушта разговорите со посредство на Хан и дека нема да отпатува во Брисел. Потоа го смени своето мислење и сепак отпатува, ама не пропушти да ги застапува советите на “интелектуалните рекетари“. Па така, за време на разговорите Геровски советуваше Заев да не попуштел, а исто така и Ордановски. Всушност нивната теза е напуштање на договорот од 2 јуни на кој стои и потписот на Заев и на тој начин избегнување на избори односно соочување со граѓаните, што е резултат на слабата поддршка која ја уживаат за што и се свесни во раководството на СДСМ. 

Играта топло-ладно придонесе Заев прво да се откаже од договорот од 2 јуни, па по жестокиот притисок да се врати на првичната поддршка. Тие всушност заговараат продолжување на нивните методи на постојана деструкција и држење во грч на народот со креирани материјали.

Премиерот Груевски истакна дека на ваквите деструктивни сценарија на Заев и неговите соработници ќе им се спротивстави народот и тоа е најдобриот одговор на нивните штетни политики.

За ваквата состојба во политиката и за штетата која овие луѓе од опозицијата и ја прават на Македонија, говореше и премиерот Груевски на партискиот роденден во саботата.

-До домашните петоколонаши сакам да порачам, дека нивните игри, шпиунски методи, нивните антидржавни делувања, има народ во ова земја кој ќе ги спречи и на кои што ќе им се спротивстави. Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети насекаде како држава. Да се покаже дека не може да се случи ваква крупна игра во државата со цел рушење на системот, да помине, а народот тоа да не го казни. Затоа што народот е оваа држава. Не е државата ни Заев, ни Груевски ни некој друг политичар.  Народот, граѓаните тоа е Република Македонија. И нема подобар одговор од тоа, од колку соочување со народ соочување со граѓаните, оние кои ја даваат довербата оние кои ценат и оние кои одлучуваат.  Има многу што треба да се соочат со волјата на народот и наша цел е таа да ги извадиме сите да се соочат со волјата на народот, истакна Груевски.

Експертите едногласни дека бегањето од избори и продолжувањето вината наместо кај себе да ја бараат во народот, на СДСМ ќе му донесе уште поголем пораз на изборите.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега