Народна банка: Со донесување Решение за укинување дозвола за основање и работа на банка, престануваат надлежностите на НБ

Народната банка, во врска со јавниот повик на Трифун Костовски, акционер во Еуростандард банка, попладнево во соопштение наведува дека дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е укината на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

-Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка, наведуваат од Народната банка.

Додаваат дека при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега