Народен правобранител за Боки 13: Сместувањето во Шутка му е задоволително

Сместувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е на задоволително ниво, констатирал тимот од народниот правобранител кој вчера го посетил обвинетиот.

– Во текот на вчерашниот ден тим на Народниот правобранител изврши посета и направи увид во целокупната документација во Затвор „Скопје“, при што констатирано е дека сместувањето и третманот во притворското одделение спрема лицето Б.Ј. се на задоволително ниво, односно дека затворот ги почитува пропишаните процедури за третман на лице кое е во притвор, велат од канцеларијата на Народниот правобранител, јавува Плусинфо.

Тимот направил детален увид, а во вонредна инспекција беше и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, според кој Боки13 имал 25 прегледи во затворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега