Нарко дилерка на моќен картел се фалеше со луксуз, а сега е пронајдена мртва

 

Клаудија Оча Фелиќ, гламурозен дилер во злогласниот мексикански нарко картел Синалоа, позната како Царица на Антракс, е пронајдена мртва, пренесуваат социјалните медиуми.

За Клаудија се веруваше дека е во врвот на Синалоа и да води одред за убиствата во Лос Антрак.

Кога лидерот на картелот, Хозе Родриго Аречиго Гамбоа, познат и како Чино Антракс, беше уапсен, почнаа да кружат приказни дека Клаудија е еден од новите лидери. Таа го негираше тоа, но уредно ги објави на Инстаграм нејзините фотографии и со сериозно оружје и незамислив луксуз.

Наводно починала од предозирање со дрога, а пронајдена е мртва во Кулијаку, град во мексикансата држава Синалоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега