Наредната година Владата ќе набави пола милион дози вакцини од производителот „Фајзер“
Владата денеска ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот Фајзер (Pfizer), во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Северна Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.
„Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.ц Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес“, се вели во писменото соопштение на Владата до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа