Направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија

 На Клиниката за дигестивна хирургија, денеска беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, прва во историјата на македонското здравство.

– Шеесетгодишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите. Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест, објави на Фејсбук Министерството за здравство.

Министерот за здравство Беким Сали, од свое и од името на целиот персонал, вклучен во трансплантациите се заблагодари на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи.

–    Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминатите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство Сали.

25.11.2022 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа