Напаѓачи во пола ноќ упаднале во куќа и убиле двајца црногорци во Германија, а уште двајца се борат за живот

Германската полиција се обидува да утврди кои се напаѓачите кои вчера рано наутро упадаа во куќа  во градот Фрост и убија двајца црногорски државјани.

Според неофицијални информации, на спиење се ликвидирани Дарко Мијовиќ и Никола Јовановиќ, со надимак Дебел, а тешко се ранети уште двајца.

Наводно сите четворица се поврзани со криминален клан на чије чело се наоѓа Алан Кожар.

Поради тоа локалната полиција, соопштено е неофицијално, убиството го карактеризира  и препишува на војната на криминалните кланови која трае од крајот на 2014 година.

Според непотврдени информации, убиецот или неколкумина, околу пет часот влегле во куќата и отвориле оган.

Медиумите пренесуваат дека во куќата затекнале ужасна слика, а еден од ранетите мажи е однесен во блница со хеликоптер.

Новинари објавија дека поради убиството биле евакуирани повеќе од 120 жители на околните згради, бидејќи полицијата се сомневала на поставен експлозив, а биле пребарувани и паркираните возила пред зградите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега