Нападнати полицајци во Скопје: Ги навредувале и фрлале лименки кон нив

 

Напад врз полициски службеници се случил вчера околу 15 часот во Скопје на улица „Његошева”.

При обид за легитимирање на 19-годишниот Н.А. од село Сарај, скопско, тој физички нападнал полициски службеник. При тоа, 19-годишниот А.Б. од село Ласкарци, 22-годишниот А.А. и 17 годишно лице двајцата од Скопје, фрлале со лименки и други предмети кон полициските службеници, упатувајќи им навреди. По ова лицата биле приведени во Полициска станица Карпош.

Полиција презема мерки за целосно расчистување на настанот. 

 

 

 

 

16.05.2018 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега