Нападнати и малтретирани малолетници во училишен двор во Скопје

 

Синоќа во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. „Призренска“, дошле три непознати лица со возило „фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки и истите започнале да ги малтретираат А.К.(18) и двајца 15 годишни и еден 17 годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16 годишни малолетници нанесувајќи им повреди. По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местото. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега