Нападнати четири лица - Немирна ноќ во Скопје

Четири лица нападнати во четири одделни случаи на фреквентни места во Скопје.

Во 01,45 часот во Полициската станица Кисела Вода, 29-годишниот И.Ѓ. од Скопје пријавил дека на улицата “Христо Татарчев“ бил физички нападнат од Т.М. и Н.М. 

Претходно, во 19,40 часот во Полициското одделение Сарај, 23-годишниот Г.Ј. од селото Семениште-скопско пријавил декаво близина на угостителски објект бил физички нападнат од 56-годишниот М.А. од истото село. 

Истито ден во 18,00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот Љ.Р. од Скопје пријавил дека на булеварот “Видое Смилевски Бато“ бил физички нападнат од М.М. и И.М. кои му одзеле и предмети. 

Било пријавено и дека во 10,00 часот во СВР Скопје, 56-годишниот А.П. од Трубарево-скопско бил ограбен во Идризово.

Се работи на случаите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега