Напад во Германија: Пукал со автомоатска пушка пред синагога- најмалку две лица мртви

Најмалку двајца се убиени пред синагога во Хале, Германија.

Неколку лица се повредени, а напаѓачот е во бегство.

Според медиумите напаѓачот пукал од автомоатска пушка пред синагогата, а според првичните информации фрлена е и граната на блиските еврејски гробишта.

Инаку денес евреите ширум светот го одбележуваат Јом кипур, еден од нивните најважни празници.

Полицијата повика сите кои се наоѓаат во близина да остамат во своите домови или в затворен простор, а покрената е и истрага по напаѓачот.

Се верува дека напаѓачот побегнал кон Лајпцинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега