Напад со експлозив на затвор во Нигерија, избегале стотина затвореници

 

Стотина осуденици побегнале од затвор во Нигерија откако, според сомнежите, припадници на Боко харам извеле напад со експлозив на затворот, пренесува „Гардијан“. Одговорноста за нападот ја презела Исламска држава.

Ослободени се 600 од 994 затвореници, соопштија властите во Нигерија.

Повеже од 300 бегалци набрзо биле фатени, но останатите и понатаму се на слобода и по нив се трага, изјавил нигерискиот министер за одбрана – Башир Магаши.

Во нападот е убиен еден чувар, а тројца се повредени.

Очевидци кои живеат во близина на затворот рекле дека нападот траел повеќе од еден час.

Одговорност за нападот ја презема ИД, соопштено е преку Телеграм каналот, пренесува „Ројтерс“.

07.07.2022 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега