Наместо на суд, Усеини во Турција на операција - одложено денешното судење

Во Охрид денеска утрово повторно беше одложено судењето против браќата Усеини. Одбраната на охридскиот бизнисмен и советник во општината, го информираше судот дека поради операција во Турција тој не бил бо можност да присуствува на денешното рочиште, пренесува ТВ 21.

Во судот не се појавил ниту оштетениот Спиро Топаловски, бидејќи имал оперативен зафат на забите и не можел да зборува.

Присутен во судот бил само обвинетиот Ибраим Усеини, братот на Нефи. Следното рочиште е закажано за 27-ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.

Судот за Нефи побара да биде доставена медицинска документација за лекување во странство и најави дека ќе бидат спроведени со полциска придружба доколку не се појават на следното рочиште.

Овој судски процес се води против браќата Усеини, бидејќи има сомнение дека извршиле насилство врз нивниот сограѓанин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа