Намерно си ја отсекла раката поради оштета: Словенка исценирала несреќа за да земе повеќе од 300 илјади евра осигурување

Неверојатен обид за измама ја шокираше јавноста во Словенија.

Полицијата откри 21- годишна девојка дека сама себеси си ја одсекла раката, а потоа барала оштета од повеќе осигурителнидруптва, тврдејќи дека се работи за несреќа додека сечела дрва за огрев на пила.

Освен неа, осомничени се уште три лица, кои биле вклучени во планирање на измамата.Сите четири лица се приведени, а после сослушување, двајца се пуштени, додека девојката и нејзиниот 29- годишен помошник се задржани во затвор.

За измама на повеќе осигурителни компании, им се заканува казна затвор, од една до осум години.

Со истрага е утврдено дека осомничената кон крајот на инатата година испланирала се.После тоа направила договор со пет осигурителни компании, со полиса во случај на несреќа со високи повреди, па на почетокот на оваа година, после уплатени неколку ратим, 21-годината девојка сама си ја отсекла ракатасо цел да го прикаже како несреќа, при сечење дрва.

Соучесникот и пружил прва помош и повикал Брза помош, а отсечениот дел од раката ја оставил на местото на несреќата.

Полицијата подоцна јаоднеле одсечената дланка во болница, каде докторите успеале да и ја сошијат и спасат од доживотен инвалидитет, а неколку дена по несреќата, откриена е нивната измама.

Во случај измамамта да успеала, девојката од осигурителните компании би добила 383.000 евра оштета, а веројатно и 3000 евра доживотна месечна рата како за инвалид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега