Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува за 2,67%, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и
количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, под наш надзор да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што
РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 %.“ изјави Марко Бислимоски,
претседател на РКЕ.
Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува со
околу 33%, додека надоместокот за користење за преносниот систем учествува со околу 4% во
крајна цена и цената на МЕМО е со незначително учество од околу 0,19 % во крајната цена .
- СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот
- Пролетта носи изненадувања: Делови од Македонија се разбудија со температури под нулата
- Мицкоски денеска ќе одржи прес-конференција
- АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
- Се чека одлука: Владата денеска носи вонредни мерки против поскапувањето на горивата
- Подгответе се за голем пресврт: По краткото затоплување доаѓа нов влажен бран
- Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија


