Најтопла ноќ во историјата - Европа се подготвува за пеколни денови и нов бран жештини

Севернозападна Европа оваа недела се подготвува за продолжение на летните жештини какви владееја кон крајот на јуни, а Париз воведе план за заштита од големите жештини,

Од Франција преку земјите на Бенелукс до германските метеоролошки служби сите издале предупредување.

Во Франција топлотниот бран може да потрае пократко отколку во јуни кога на 28. јуни беше срушен апсолутниот температурен рекорд во Вераргуес, на југот, каде биле измрени 46 степени. Овојпат „не очекуваме температурата од 45/46 Целзиусови“, но северната полоцина на земјата може „многу повеќе“ да почувствува жештини.

Во четвртокот во Париз биле предвидени 41 и 42 степени, со голема веројатнот дека ќе се сруши рекордот од 4,4 степени забележани на 1947 година, сметаат француските метеоролози.

Четириесет степени се очекуваат и во централна и северна Италија, посебно во Фуиренца и Ферари. Југот и централната Европа овој пат ќе бидат поштедени од пеколните жештини. Така овој пат топлиот бран од кој стравува западниот дел на Европа ќе ја заобиколи Србија.

Во Белгија Метеоролошкиот кралски завод издал „предупредување поради големите жештини“, кои ќе бидат на сила до петок по полноќ. Австрија пак, објавила портокалово предупредување за четврток и петок, но само на западот од земјата. Во Португалија ударите од ветер и суша ја отежнуваат борбата со пожарите кои од саботата беснеат на планинското подрачје во средиштето на земјата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега