Попова Шапка утрово е најстуденото место во државата со измерени -4 степени, а веднаш зад неа се Маврови Анови и Крушево каде живата во термометарот покажа -1 степен.
Во главниот град утрово се измерени 2 степени на Зајчев Рид и 3 кај Петровец. Нулата ја држат Берово и Лазарополе, додека најтопло е во Гевгелија со 6 степени.
Според УХМР, иако утрото е облачно со услови за слаб дожд и снег во југозападните делови, во текот на денот нè очекува променливо време со сончеви периоди.
Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени.

