Најново истражување: Откриена причината зошто забораваме

 

Најновото истражување на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско покажува дека дел од мозокот на човекот кој е важен за памтењето и учењето престанува да произведува нови ќелии околу 13-тата година.

Откритието кое е објавено, веројатно дополнително ќе ја заостри расправата за можноста за лекување на човечкиот мозок по пат на таканаречена „неврогенеза“ или создавање на нови ќелии во мозокот односно неврони.

-Утврдивме дека појавата на неврогенеза во хипокампусот кај возрасните луѓе е исклучително редок феномен, истакнал Артуро Алваез-Бајла, професор на неврохирургија на Универзитетот и еден од авторите на студијата.

 

 

 

14.03.2018 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа