Најново истражување: Главоболка и течење на носот се главни симптоми на индискиот вид на коронавирус

Главоболки, болки во грлото и течење на носот се едни од најчесто пријавените симптоми на индискиот вид на коронавирус во Велика Британија, пишуваат британските медиуми.

Според истражувањето на професорот Тим ​​Спектор, симптомите од т.н индиски сој на коронавирус се разликуваат од оние предизвикани од претходните варијанти на Ковид-19, а сè повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на силна настинка како течење на носот, болки во грлото и главоболки.

Податоците биле собрани врз основа на истражување на примерок од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликација.

“Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено во северо-западот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години. Популацијата не е вакцинирана или е вакцинирана само еднаш, со што, се разбира, не се постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но треба да сме загрижени за т.н долга фаза од Ковид-19, така што Велика Британија дефинитивно има проблем “, рече професорот.

Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на Ковид-19 вирусот и продолжуваат со вообичаените животни и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека тоа е само сезонска настинка.

Професорот апелира на потребата од добивање втора доза на вакцина и останување дома кога ќе се забележат првите симптоми во однос на главоболка, воспаление на грлото и течење на носот.

90% од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, или индискиот сој на коронавирус пренесуваат медиумите.

Макфакс

14.06.2021 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа