Најнови истражувања: Откриено на која температура коронавирусот исчезнува за 5 минути

Новиот коронавирус е најактивен на температура од околу 4°Ц, додека, на температура од 70°Ц умира за околу пет минути, покажало истражувањето на научниците од универзитетот во Хонгконг.

На 4 степени вирусот може да живее речиси две недели, додека на температура од 70, умира за пет минути, се наведува во медицинското истражување објавено на веб-сајтот medrxiv.org.

На температура од 22 степени коронавирусот е активен седум дена, на 37 степени не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени, може да живее до 30 минути.

Научниците ја испитувале и одржливоста на вирусот на различни површини, па откриено е дека тој останува на површината на медицинските маски една недела, при собна температура и влажност на воздухот од 65%.

На хартија, вирусот опстанува помалку од три часа, на дрво и ткаенина не повеќе од два дена, на стакло помалку од четири дена, додека на челик и пластика останува една недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега