Најнова временска најава: Снегот доаѓа, каде ќе натрупа најмногу

 

Постудено време со врнежи од снег утре ќе ја зафати целата територија на Македонија. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови, особено во западните и јужните делови.

Како што информираат синоптичарите, пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка. На пониските места се очекува да наврнат околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер. Во вторник се уште ќе има слаби врнежи од снег само во западните делови од земјава. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Вредностите на дневните температури речиси насекаде ќе се задржат под нулата.

Утринските температури од вторник до четврток на места ќе се спуштат и под минус 10 степени. 

 

 

 

24.02.2018 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа