Најмногу вработени роднини во државните служби има Хазби Лика - Што пријавиле Заев и Анѓушев

Најмногу роднини вработени во државни институции од министрите во Владата до Антикорупциската комисија има пријавено Хазби Лика, јавува Макфакс.

Тој по доаѓањето на функцијата пријавил дека негов братучед е член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапки од работен однос во втор степен, друг негов братучед е директор на Македонски железници – инфраструктура од 2011 година, а негова роднина е професор во средното медицинско училиште во Тетово од 2013 година. Братот на Хазби Лика, пак, е основач на приватна компанија.

Според изјавите што ги поднеле, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче, Крешник Бектеши, Зоран Шапуриќ, Бујар Османи, Горан Сугарески, Зорица Апостолска, Садула Дураки, Љупчо Николовски и Никола Димитров кога дошле на функцијата изјавиле дека не вршат друга јавна служба, немаат допир со приватни фирми и дека нивни блиски не се вработени во јавните служби ниту, пак, се сопственици, основачи, содружници, членови на собрание, надзорен одбор, управен одбор или се овластени лица во компании.

Премиерот Зоран Заев пријавил само дека неговиот брат Вице Заев е сопственик на фирмата „Тотал инженеринг“ во Струмица.

Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, ја пријавил својата фирма „Фероинвест“ каде што има 80 отсто од уделите, додека за ЕДС ДОО стои дека е во фаза на продажба. Анѓушев пријавил и дека е основач на Фондацијата „Анѓушев“ и претседател на ФК „Борец 1919“, но дека од овие места не прима надоместок.

Сопругата на Анѓушев е содружник во фирмата „Офисрент“, додека неговиот брат е содружник во „Фероинвест“, управител во МХЕ и содружник во „Енерџи менаненс солушн“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега