Најмладиот инфициран пациент со 10 години во Србија не сака да се раздели од својата мајка

На саемот во Белград се сместени 49 пациенти, од нив 39 мажи и 10 жени. Меѓу нив е и најмладиот пациент, дете од 10 години, потврди државниот секретар во министерството за здравје на Србија, Берислав Векиќ.

– Детето не сакаше да се одвои од мајката, иако сакавме тоа да биде во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, рекол Векиќ.

Досега од Саемот се отпуштени 18 пациенти, бидејќи вториот тест покажал дека се негативни на коронавирус.

Во Србија досега се потврдени 900 заразени лица, 23 луѓе починале, а 43 се излечени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега