Најмалку новозаразени во Италија во последниот месец, починаа 604 луѓе

Во последните 24 часа во Италија починаа 604 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 17.127.

Вкупно, во таа земја од почетокот на епидемијата се заразија 135.586 луѓе.

Во последните 24 часа забележани се 3.039 новозаразени, што е најмалку од 10 март до денес.

Досега излечени се 24.392 луѓе, а активни се 94.067 случаи.

Денешната статитика е добар знак бидејќи на 27 март бројот на мртви во еден ден беше 969.

Според официјалната статистика, Италија е земја со најголем број на смртни случаи во светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега