Најмалите жители на катедралата Нотр Дам го преживеале пожарот

Најмалите жители на Нотр Дам го преживеаја катастрофалниот пожар што го уништи најголемиот дел од покривот на катедралата. Околу 200.000 пчели што живееле на покривот првично биле сметани за исчезнати во пожарот.

Европските пчели – за разлика од другите видови – остануваат во кошницата откако ќе ја почувствуваат опасноста, го чуваат медот и работат за да ја заштитат својата кралица. Високите температури би претставувале најголем ризик, но г-дин Жеан, пчеларот на катедралата објасни дека чадот едноставно ги заспал.

Наместо да ги убие, јаглерод диоксид ги прави пијани, ги тера да спијат”, изјави тој

Сместување на пчелите на покривот било дел од иницијативата за зголемување на бројот на пчелите во Париз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега