Најлуда кражба во историјата на Белград: Два часа поминал во менувачницата, направил три дупки, а украл само 20 евра (ВИДЕО)

Крадец во фантомка влегол да ограби менувачница во Белград, направил три дупки во ѕидеот за да дојде до касата а во неа се наоѓале само 3000 динари.

- Толкава штета направил а украл само 20 евра- рекол сопственикот на менувачницата.

Крадецот почнал да прави дупка од соседната продавница до менувачницата.

-Влегол во менувачницата во 21 часот и 40 минути, а останал таму до полноќ. Ја искршил и вратата од соседната продавница, уништил од робата, го исекол пултот а потоа го земал противпожарниот апарат и удирал во ѕидот за да го скрши.

Влегол во ненувачницата ама во делот каде што обично стојат муштериите, па кога видел дека не може да влезе кај касата удирал со апаратот во бленираото стакло н о не можел да го искрши.

Потоа повторно илзлегол од менувачницата па од страната на продавницата поворно кршел и правел дупка во ѕидот. Направил две дупки и успеал, но камерата тоа не го снимила бидејќи била скината.

Кога едвај дошол до касата во неа имало само неколку илјади динари, раскажал сопственикот на менувачницата.

Случајот е пријавен во полиција.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега