Најголемите паничари во хороскопот- три знаци тешко ја задржуваат прибраноста

Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на Ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај корона-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на највисоките и најновите меѓународни стандарди.

Ова се дел од оцените изнесени на состанокот на тимовите на Народната банка и Министерството за финансии со тимот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

 Од Народната банка информираат дека на состанокот се разговараше за досегашните заеднички проекти и за активностите коишто се планираат за следниот период.

– Особено беше истакнат остварениот напредок, вклучително и преку достигнувањето од страна на Народната банка на највисокиот глобален статистички стандард за дисеминација на податоци – СДДС плус. Притоа, одделно беше посочено на залагањата на Народната банка, којашто овој месец започна со редовно објавување и нови подетални податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност, а за до крајот на годината се планира и прва објава на нови податоци за финансиските сметки, во согласност со најновите стандарди, се вели во соопштението на Народната банка.

Отааму посочуваат дека соработката меѓу експертските тимови на ММФ и Народната банка била оценета како одлична, што е основа, како што велат, и за повеќе заеднички проекти во натамошниот период. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега