Најголемиот новогодишен огномет во светот ќе биде во Дубаи

Најголемиот новогодишен огномет во светот ќе биде во Дубаи. На 31 декември небото над Дубаи ќе биде осветлено од низа  импресивни огномети.

Фокусот ќе биде ставен на знаменитостите на градот, а се планира спектакуларно шоу од огномети покрај целото крајбрежје на Дубаи. Огнометите ќе траат 20 минути.

Организаторите сметаат дека на овој начин ќе го покажат успехот на Обединетите Арапски Емирати, а спектаклот ќе има цел и да го урне светскиот рекорд за најголем огномет.

10.12.2013 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега