Најголемиот јунак на скопските клиники: Бебето кое се роди во 5-от месец од денеска е во својот дом

 

Најмалото бебенце родено со само 700 грама родилна тежина ја доби животната битка. По четиримесечен престој на интензивна нега, со тежина од 2 килограми и 450 грама, од денеска е во својот дом со родителите, објави 24 Вести.

Бетим е најмладото бебе, но најголемиот јунак во Клиниката – вака го опишуваат вработените на гинекологија. Велат дека ваквата убава вест треба да е мотивација за сите родители на предвремеродените дечиња да не се обесхрабруваат. На терминот кога требало да се роди, Бетим ја напушта Клиниката.

„И понатаму ова дете бара доста следење и соработка со клиниката каде ќе се следи неговата состојба. На респиратор беше два иопол месеци, па на неинвалзивна вентилација и потоа почнаа да дише само.“ - изјави д-р Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Нашата грижа е една алка од целиот синџир неговата борбеност беше најважна и позитивната енергија на родителите.“ - вели Тања Трајковска, медицинска сестра на интензивна нега на ГАК.

Четиримесечното бебе родено во 23-тата гестациска недела, односно во петтиот месец од бременоста на мајката, ќе биде запишано како најмладото новороденче во историјата на предвременородените бебиња.

Бетим и неговите родители ја напуштија Клиниката за гинекологија, а од тимот кој се грижеше за него во изминатите 120 дена, велат дека малиот пациент ќе им биде мотивација и за останатите бебиња.

 

 

 

14.06.2018 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа