Најголем непријател на либидото: Експертите советуваат како да ја вратите страста во креветот

Стресот може да го упропасти вашиот сексуален живот. Односно да ве остави без желба или без да уживате во каква било интимност, но постојат начини како да го зголемите либидот и да го зголемите вашиот сексуален нагон без медицински интервенции, вели Кил Бјукенан, експерт од Торонто.

-Ако вашето тело е под стрес, последната работа за која ви е грижа е сексот, вели Бјукенан.

Стресот го зголемува лачењето на хормонот кортизола во телото, што влијае на сузбивање на ниските хормони за интимни односи и доведува до пад на сексуалната желба, односно либидото, објаснува тој.

Тој објави истражување кое покажува дека 51 отсто од испитаниците се соочуваат со феноменот „мртва спална соба“, најчесто поради стресот на работнот место.

Овој феномен укажува на партнерските односи без секс кои можат да траат од неколку месеци до неколку години.

-Недостатокот на комуникација меѓу партнерите може да го зголеми стресот во креветот, а многумина стануваат дополнително анкциозни ако нивната самодоверба не е на високо ниво, вели психотепевтката Хидер Кент.

Според неа, во поголемиот дел од случаите не страдаат само интимните односи, туку стресот може да доведе до помала поврзанот со вашиот партнер, анкциозност, депресија или нешто друго.

-Со стресот полесно ќе се изборите ако сте подобро поврзани со вашиот партнер, вели Сузан Велентајн, исто така психотепевт од Торонто.

Вели дека во спалната соба треба да се договараат состаноци барем еднаш неделно и да не се кршат договорите.

-Исто така, работете на тоа во физичка смисла да бидете поврзани во текот на време, како на пример, често да се гушката, советуваа таа.

Освен работата на длабока емоционална врска со вашиот партнер, препорачливо е понекогаш да користите природни афродизијаци и стимулатори на либидото кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро. Некои намирници кои позитивно влијаат на зголемување на либидото се чоколадо, фстаци и шафран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа