Најголем дел од Македонците се греат на дрво – во Скопје најмногу граѓани загреваат на струја

Најголем дел од граѓаните на Македонија своите домови ги загреваат на дрво, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 46,4% од граѓаните на Македонија се греат на дрво, додека 37% на струја. Оние кои се греат на парно се 16,2% додека незначителни 0,2% се греат на нафта и на гас.
Во Скопје, каде што има и централно греење на парно, состојбата е различна. Најголем дел од граѓаните кои живеат во главниот град или 43,1% се греат на струја. 40,7% се оние кои што домот го загреваат на парно, а само 16,3% се греат на дрва.


Гледано по региони, освен скопскиот секаде во Македонија над половина од граѓаните се греат на дрва. Најмногу, или над 60% дрвото за огрев го користат во источниот и југоисточниот регион.
Дури 56,3% од граѓаните велат дека кога би имале можност би се приклучиле на централно греење и својот дом би го загревале со парно, додека парно во домот не сакаат 19,2% од граѓаните.
Сепак, дури 69,6% од анкетираните велат дека не можат да си дозволат греење на струја. 77,5% од оние кои имаат помали примања од 20.000 денари не можат да си платат греење на струја, за разлика од 50% од граѓаните кои месечно земаат над 60.000 денари.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 8 до 11 јануари годинава врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега