Најеминентниот музички магазин „Билборд“ предвидува: Македонија може да победи на Евровизија

Како што е тешко да се предвиди победникот, тука се и 12-те записи за кои Билбордсмета дека имаат најдобра шанса да прогласат победа во сабота, на финалната вечер на Евровизија в сабота во Тел Авив.

Ова ќе биде прва година кога поранешната република на Југославија ќе се натпреварува под името Северна Македонија. Претходно позната како Поранешна Југословенска Република Македонија, земјата првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година. Најдобар пласман кој оваа земја го имаше беше 12-то место во 2006 година од страна на Елена Ристеска со „Нинанајна“.

Ако Тамара Тодевска се квалификува за финалето со нејзината песна, објавена на 8 март за да го одбележи Меѓународниот ден на жената, тоа ќе биде првото појавување на Северна Македонија во големото финале од 2012 година.

 

Зошто Северна Македонија би можела да победи: Ова славење на жените во времето на движењето #MeToo треба да се поврзе со многу гледачи – гласачи како и професионалните жири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега