Најдоброто решение за целулитот: Ние секој ден го фрламе, а не знаеме колку е корисен

 

Многумина од вас не можат животот да си го замислат без него. Домашно, турско, филтер, во прав...кафето е повеќе од обичен пијало, тоа е ритуал.

По конзумирање на кафе, талогот од дното го фрламе, а не можеме ни да замислиме колку е корисен и може да ни реши многу проблеми.

Еве само дел од многуте невообичаени примени на кафето:

  1. Елиминирање на миризбата на риба, лук или кромид од рацете. Чистевте риба, сечкавте лук или кромид и рацете веднаш ви примија силна миризба? За да се спасите од непријатните мириси, истријте ги рацете со талог од кафе.
  2. Отстранување на миризбите од фрижидерот. Понекогаш се случува фрижидерот да прими миризба од неколку различни јадења, а хаотичниот остар мирис во никој случај не е пријатен за носот. Уште полошо е кога и свежата храна ќе започне да прима од лошата арома. За да ја намалите непријатната миризба, наполнете мала пластична кутија до половина со мелено кафе и оставете ја во фрижидерот.
  3. Нежен чистач за скара или замрсени тенџериња и тави. Талогот може да ви послужи за полесно да ги истриете мрснотиите од скарата или кујнските прибори, и тоа без да ги оштети.
  4. Обезмирисување на микробранова печка. Доколку почувствувате дека микробрановата печка добила непријатен мирис, ставете во неа чаша со 3-4 лажички кафе и дополнете ја до половина со вода. Загрејте го кафето во микробрановата барем 5 минути.
  5. Покривање на гребнатините на дрвениот мебел. Помешајте инстант кафе со малку жешка вода. Со смесата истријте ја гребнатината во мебелот. Повторете ако има потреба. Ова е особено полезно ако се работи за темно дрво.
  6. „Плашило“ за мачките во вашата градина. Измешајте талог од кафе со изрендана кора од портокал и таа смеса распространете ја низ вашата градина. Мачките нема ни да помислат да ја искористат вашата градина како тоалет.
  7. Средство против мравки. Ставете талог од кафе на местата од каде што излегуваат мравките. Веднаш ќе избегаат на друго место. Талогот може да ви послужи и за да ги избркате полжавите.
  8. Освежувач за автомобил. Во хулахопки ставете талог од кафе и врзете ги. Ставете ги во вашиот автомобил за да добиете пријатна арома. Кафето помага и за неутрализирање на миризбата од цигарите, па ако пушите во автомобилот, ова е природен начин да ја минимизирате лошата миризба.
  9. Регенератор за сјајна коса за бринети. Сварете кафе, оставете го да се излади, исцедете го и со течноста потурете ја косата по миењето со шампон. На крајот исплакнете со млака вода. Кафето докажано го зголемува сјајот на косата. Но, ако сте русокоса, не го применувајте овој трик, затоа што кафето може да ви ја уништи бојата на косата.
  10. Пилинг за отстранување на мртвите клетки на лицето. Измешајте талог од кафе со малку маслиново масло и со кружни движења протријте го нежно лицето. Измијте со млака вода и гел за лице. Кожата ќе ви стане почиста и ќе придобие здрав сјај.
  11. Маска за нахранување на кожата. Измешајте ¼ шолја кафе со една белка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 10-15 минути, односно додека не се исуши. Измијте со топла вода.
  12. Помагач во чистењето на каминот. Пред да ја чистите пепелта од каминот, низ неа фрлете влажен талог од кафе. Тој ќе ви помогне пепелта и правот да не се разнесат низ целата просторија.
  13. Одличен сојузник против целулит. Собирајте го талогот од кафето и на крајот од денот, пред туширање, измешајте го со малку маслиново масло. Со кружни движења нанесете го на бутовите и задникот, а потоа замотајте ги со кујнска фолија. Оставете го кафето да дејствува 20-30 минути, а потоа истуширајте се. Уште веднаш ќе забележите дека кожата ви е многу понежна и помека, а со тек на време ќе забележите и дека видливоста на целулитот значително се намалува.
 

 

 

13.05.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа