Најдобра бивша сопруга: Џенифер Гарнер ја спасила кариерата на Бен Афлек

Џенифер Гарнер би можела да биде прогласена за најдобра бивша сопруга. Па која други би направила сѐ за да може да ја спаси кариерата на бившиот сопруг кој е на рехабилитација?

Џенифер Гарнер му се јавила на режисерот на филмот „The way back“, ОКонор, за биде сигурна дека Афлек нема да ја загуби својата улога поради рехабилитацијата.

-Само што почнаа со припреми за филмот, тој повторно почна да пие, рече ОКонор, објаснувајќи дека тогаш повторно завршил на рехабилитација и не знаел што се случува со филмот.

-Студиото го сметаше проектот за готов, а тогаш се појави Џенифер, неговата бивша сопруга и рече оти е на лечење, објави тој и рече дека го замолила да не се откажуваат од филмот зашто Афлек навистина сака да биде дел од него.

Џенифер отишла во посета и на Бен му објаснила дека мора да се собере, што тој тоа го направил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега