Најдобар газда на светот: Им поделил неверојатен бонус, секој вработен добил најмалку 50 илјади долари (ВИДЕО)

Декември е време кога работниците ширум светот се радуваат на божиќните бонуси, меѓутоа  директорот на градежната фирма  во Балтамор, Едвард Сент Џонсон направи нешто неочекувано и го крена стандардот високо за сите шефови ширум светот.

Имено тој организирал божиќна забава за своите 198 вработени каде објавил дека на своите работници ќе им подели 10 милиони долари.

Вработените добиле од фирмата големи бонуси, во просек по 50 илјади долари секој од нив. меѓутоа тоа не е се, со тој бонус е исплатен и другиот бонус кој традиционално им се доделувал секоја година.

Вработените биле воодушевени откако ги добиле црвените пликоа во кои бил ставен нивниот бонус. Едвард рекол дека добиле бонус бидејќи фирмата ја постигнала нејзината цел, а тоа е изградба на површина со големина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.

„За да го прославиме постигнувањето на нашата цел, сакавме да ги наградиме нашите работници на таков начин што би имало значаен впечаток на нивниот живот. Благодарен сум на секој од нив, на нивната работа и посветеност, па не жев да замислам подобар начин од ова за да им покажам благодарност“ изјавил директорот на фирмата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега