Најбогатиот човек на светот налути многумина: Откри што би правел ако би бил сиромашен

Најбогатиот човек на светот кој има заработено 74,9 милијарди долари, Бил Гејтс, дал интересна изјава, која многумина насмеала, а многумина налутила.

Иако има повеќе пари отколку што би можел да потроши за 50 животи, основачот на компанијата Мајкрософт се обидел да замисли како би живеел да биде целосно сиромашен.

Поминал многу време помагајќи им на сиромашните во Африка и добро знае како преживуваат луѓето во екстремна сиромаштија, а сега понуди совети како да преживеете со само два долари дневно, односно 100 денари.

-Би одгледувал пилиња. Пред се, со пилињата е лесно и евтино е да се грижите за нив, а можат и да допринесат и во одржување на здравјето на децата, затоа што се непроценлив извор на хранливи материи. Јајцата може да бидат од помош во борбата против недоволната исхранетост, а тука е и можноста да се продаваат пилиња и јајца и потоа со парите да се купи друга храна. Пилињата се добра инвестиција. Претпоставува дека фармерите започнуваат со пет кокочки. Еден сосед има 5 петли кои може да ги оплодат кокошките за да имате повеќе јајца. После 3 месеци, фармерот може да има дури 40 пилиња. И на крајот, продажната цена е од 5 долари по пиле, што е типична цена во Западна Африка, а може да доведе до заработка од над 1.000 долари годишно - објаснил Гејтс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега