Надал се жени, а со години ја криеше девојката - таа објасни зошто било така

Светските медиуми денес ја објавија веста дека после 14 години врска, 32-годишниот тенисер Рафаел Надал конечно ќе застане на лудиот камен, а церемонијата ќе се одржи во Мајорка.

Неговата убава избраничка Марија Франсиска Перелјо, која медиумите ја нарекуваат Ќиска, е неговата најголема и безрезервна поддршка.

Заедно се од 2005 година, а се вериле во мај минатата година.

Убавата девојка објасни зошто таа ретко се појавува во јавноста, па дури и ја нема на неговите мечеви.

-Потребен му е простор додека се натпреварува, а самата идеја да чекам цел ден да заврши и да шетам наоколу ме замара. Тоа би ме гушело. Тој ќе мора да се грижи за мене...Едноставно, не. Ако го следам сегде, мислам дека ќе постои ризик да престанеме да се согласуваме - рекла таа.

Таа вели дека дека својот однос се обидуваат да го задржат само за себе

-Дури и кога моето семејство ме прашува за него, не кажувам многу. Факт е дека едноставно не се чувствувам пријатно кога зборувам за својот личен живот. И на Рафаел тоа му одговара. Не сакаме некогаш да биде поинаку - истакнала Марија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега