Надал го носи најскапиот часовник во историјата на тенисот – такви има само 50

Досега никој и никогаш од тенисерите не носел поскап часовник на својата рака од него во текот на натпреварите.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал оваа година дефинитивно ќе влезе во историјата на тенисот - поради часовникот кој што го носи на десната рака во текот на натпреварите на Ролан Гарос.

Имено, часовникот кој што го носи Надал во Париз веројатно е најскапиот кој што некогаш сме го виделе на тениските турнири и чини малку повеќе од еден милион долари.

Инаку, Роџер Федерер никогаш не носел ниту еден свој „Rolex“ часовник кој што е поскап од 35.000 долари.

Овој часовник кој што тој моментално го носи е поклон од швајцарскиот бренд „Richard Mille“ и го носи името „RM 27-04 Tourbillion Rafael Nadal“.

Инаку, постојат само 50 такви произведени часовници.

„На почетокот тоа беше прилагодување, моравме блиску да соработуваме за часовникот да го прилагодиме за мојот зглоб. Сега стана дел од мојата кожа, тоа е како да немате ништо на себе. 90 отсто е направен од титаниум и тежок е само 30 грама“ - изјавил Надал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега