Над куќата на Меси е забрането да прелетуваат авиони, а сега е откриено и зошто е тоа така

Пред една година во јавноста се рашири приказна дека авионите од аеродромот во Барселона не смеат да поминуваат над куќата на Лионел Меси.

Сите помислија дека тоа е еден од каприците на Аргентинецот, кој важи за еден од најпопуларните спортисти во светот. Меѓутоа, причината е многу пологична и ќе разочара многу фудбалски фанови.

Домот на „десетката“ на каталонскиот клуб се наоѓа во местото Гава, на 25 километри од центарот на Барселона. Оваа општина е сместена помеѓу заштитени околини, поточно природниот парк Гараф и крајбрежјето во близина на Делта Ебро.

Ова прави областа да има посебна заштита на животната средина, особено од авионите, кои не можат да летаат над подрачјето за да не се наруши фауната што живее во неа.

На Јутуб се појави видео на кое детално се зборува за оваа тема:

Извор: Гол.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега