Над 60 % од Швајцарците гласаа „за“ истополовите бракови да можат да посвојуваат деца

Над 60 отсто од Швајцарците се изјасниле дека се „за“ истополовите бракови да можат да посвојуваат деца, дознава Би-Би-Си преку свој дописник. Новите мерки ќе им овозможат на паровите да посвојуваат деца со кои не се во крвно сродство, а на лезбејските парови им се отвора и можноста да имаат деца преку донација на сперма.

Во пресрет на гласањето, црковните групи и конзервативните политички партии се спротивставија на идејата, велејќи дека тоа ќе го поткопа традиционалното семејство. Швајцарија е земја во која истполовите бракови се легализирани уште од 2007 година, но посвојувањето деца уште не е дозволено.

Ако референдумот биде успешен, со овие мерки Швајцарија ќе се усогласи со другите западноевропски земји. Во текот на последните 20 години, повеќето земји во Западна Европа ги признаа браковите од ист пол.

Единствената разлика е што во повеќето други земји овие мерки и закони беа донесени без национален референдум.

Резулататите од референдумот ќе има за неколку часа.

26.09.2021 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа