Над 50 непрописно паркирани возила во Скопје подигнати со „пајак“

Вкупно 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило во текот на вчерашниот ден во Скопје, а со „пајак” се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.

Како што соопшт МВР, во акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од 06:00 до 22:00 часот, откриени се и 51 останати прекршоци.

Издадени се 75 мандатни и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега