Над 15 сомнителни коверти испратени до образовни институции во Грција

Нови сомнителни коверти биле откриени на универзитетите во неколку грчки градови, а речиси сите пратки потекнуваат од Индија и се адресирани или до ректорите или до самите универзитети.

Бројот на откриени коверти во изминатите два дена кои можеби содржат непознат прав за сега е над 15, а пратките веројатно биле испратени во изминатите 20-на дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Вработените на универзитетите и факултетите во Ламија, Арта, Волос, Солун, како и на островите Лезбос, Крит и Крф пријавиле дека до нив стигнале сомнителени коверти, додека пак лицата кои што дошле во контакт со пратките, превентивно биле пренесени во болница.

Сомнителен коверт утрово бил откриен и во Центарот за прием и идентификација на мигранти „Морија“ на грчкиот остров Лезбос.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега