Над 10.000 Албанци сѐ уште живеат во шатори по разорниот земјотрес во Драч

Над 10.000 луѓе сѐ уште живеат во шатори, а 12.000 добиваат бонус за станарина од Владата откако Албанија ја погоди разорен земјотрес во ноември минатата година, соопшти албанскиот министер за одбрана, Арбен Ахметај. 

 

-Врз основа на деталната проценка, во Тирана треба да бидат реконструирани 242 а урнати 115 стамбени згради. Исто така 1.523 индивидуални куќи треба да бидат урнати, додека од 79 училишта 72 се за реконструкција, истакна Ахметај.

Информираше дека на веб сајтот на Комитетот може да се видат сите информации поврзани со обновата, за секоја донација и активност.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера упати апел до граѓаните погодени од разорниот земјотрес, да бидат трпеливи и најави брзо започнување на обновата на урнатите и оштетени објекти.

Даде гаранција дека сите собрани средства,до до последен лек, набрзо ќе бидат употребени во реализација на проектите за обнова,која започнува во Лач,Туман и Шијак.

Според извештајот за проценка, материјалната штета предизвикана од земјотресот изнесува 985.074.906 евра. Во процесот на проценка биле вклучени 90 домашни и странски експерти,а биле опфатени повеќе од 50.000 објекти.

Во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени загинаа 51 лице, беа повредени 900 и раселени околу 17.000 луѓе од оштетените домови. Вкупно 202.291 луѓе се погодени од оваа природна непогода, во 11 единици на локалната самоуправа.

Меѓународна донаторска конференција за обнова на Албанија ќе се одржи на 17 февруари во Брисел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега