Началникот на ГШ на бугарската армија во посета на Скопје

 

Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од денеска е во тридневна официјална посета на Република  Македонија.

Генералот Боцев, како што е најавено, денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила
Шекеринска.

Во текот на денот, генералот Боцев ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.

Во текот на посетата делегацијата на бугарските Вооружени сили, ќе посети дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе присуствува и на централната прослава на Денот на Армијата во Охрид. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега