Општина Неготино изврши исплата на еднократна парична поддршка во износ од 3.000 денари за сите првачиња запишани во учебната 2026/2027 година.

Информацијата ја соопшти градоначалничката Марија Нацева, која истакна дека средствата се обезбедени од локалниот буџет.

Како и минатите, така и оваа година, Општина Неготино од сопственикот буџет издвојува финансиски средства за доделување на еднократна парична поддршка од 3.000 денари за секое прваче, а врз основа на Програмата за образование на локалната самоуправа за 2026 година – пишува Нацева на Фејсбук.

Според градоначалничката, финансиската поддршка е веќе префрлена на сметките на родителите и старателите на вкупно 153 првачиња од двете основни училишта во Неготино и подрачните училишта во населените места.

Исплатата е реализирана по комплетирањето на техничката документација и ажурирањето на податоците, со цел да им се помогне на семејствата во пресрет на почетокот на новата учебна година.

Exit mobile version